Гоце Седлоски/ФФМ

Седлоски: Верувам дека доаѓаат подобри денови за македонскиот фудбал

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на денешниот брифинг на ФФМ се осврна на актуелната состојба во националниот тим по двете јунски пријателски средби против Босна и Херцеговина и Турција.

Седлоски истакна дека во изминатиот период шанса добиле поголем број фудбалери, меѓу кои и играчи од домашното првенство, со цел да се прошири конкуренцијата во репрезентацијата и да се добие појасна слика за потенцијалот со кој располага националниот тим.

Тој посочи дека внимателно се следат и настапите на младите репрезентативци, од каде што во иднина би можеле да произлезат нови имиња за сениорскиот состав.

– Бараме решенија и нов квалитет. Ги следиме младите категории и секој што ќе покаже дека заслужува ќе добие можност. Во овој момент нема изненадувања, но вратата е отворена за сите што ќе се наметнат со своите игри – порача селекторот.

Седлоски нагласи дека по заминувањето од клупскиот фудбал ќе има уште поголем простор да ги следи сите генерации и потенцијални репрезентативци, додавајќи дека повикот во националниот тим мора да се заслужи со континуирани добри настапи.

И покрај убедливиот пораз од Турција, селекторот смета дека атмосферата во репрезентацијата останува позитивна и дека резултатот треба да се гледа и низ призмата на квалитетот на противникот.

Пред стартот на новото издание на Лигата на нации, Седлоски очекува сериозни предизвици, но верува дека играчите ќе одговорат на задачите и ќе го дадат својот максимум на теренот.

,Нѐ очекуваат тешки натпревари, но убеден сум дека сите што ќе го носат дресот на Македонија ќе бидат максимално посветени. Треба да ги оставиме негативните работи зад нас и да гледаме напред. Верувам дека следуваат подобри денови за македонскиот фудбал” истакна Седлоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот