ФК Вардар се спогоди со УЕФА да плати 250.000 евра поради двојни договори
На брифингот со новинарите, извршниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Миленко Неделковски кажа дека клубот се соочувал со голем, сериозен проблем и исфрлување од Европа поради двојни договори и двојно книговодство.
Препорачано
Беше покрената постапка од УЕФА по пријава двајца поранешни играчи Дарко Глишиќ и Мартин Блажевски, за потпишување на двојни договори и целиот процес траеше 10 месеци.
Тој процес со УЕФА се однесува за фалсификувани двојни договори и двојно книговодство. Глишиќ и Блажевски потпишале двојни договори, што е апсолутно забрането.
Се дојде до спогодба со УЕФА да се плати казна од 250.000 евра со засилен мониторинг доколку во следните три години клубот го повтори овој прекршок, и ќе биде суспендиран од натпреварувањата на УЕФА.
Ваквите дела се направени од времето пред да дојде новата управа во сезоната 2023/24. Неделковски кажа дека клубот покрена постапка против непознат сторител за извршување на тие нелегални активности.
По шест години, Вардар е повторно шампион на Македонија, а Неделковски кажа дека клубот ја завршил 2025 година со добивка од 700.000 евра, што само се покажува разликата во работењето тогаш и сега.


