Фото: Инстаграм / hattrick_digital / скриншот

ВИДЕО | Како Мексико ги пречекува тимовите, како САД: музика за некои, понижување за други

Нереални сцени ни доаѓаат деновиве од Соединетите Американски Држави пред почетокот на Светското фудбалско првенство.

Додека некои фудбалски тимови во Мексико, каде што исто така се одржува и Светското првенство, се пречекани со музика, маријачи и локални навивачи, некои тимови во САД минуваат низ вистинска голгота, за што зборуваше и легендарниот селектор на Узбекистан, Фабио Канаваро.

Неговиот тим и тој беа пречекани со сцена од најлошите криминални филмови, каде што беа претресени со специјализирани кучиња и детектори пред пријателскиот натпревар во Њујорк.

Доаѓањето на Сенегал беше обележано исто така со строги безбедносни контроли, темелни инспекции и високи температури од моментот кога излегоа од авионот. И ова не е изолиран инцидент.

Грда атмосфера пред Светското првенство

Ваквите ситуации предизвикаа јавна дебата за тоа како е можно различни тимови да бидат третирани различно од политички причини.

На крајот на краиштата, не е ли спортот она што треба да нè обедини сите, особено кога се игра Светското првенство, а не повторно да нè дели според некои имагинарни класи на американската администрација. И како може ФИФА, како организатор на турнирот, да дозволи различен третман за неговите учесници? Првенството сè уште не е ни започнато, а веќе за многумина остава лош впечаток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAT TRICK DIGITAL (@hattrick_digital)

Јапонските фудбалери се незадоволни поради условите на Мундијалот, го менуваат кампот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот