Фото: GNK Dinamo Zagreb

ВИДЕО | Фудбалерите на Узбекистан и Канаваро ги претресуваа како мигранти во Америка

Селекторот на узбекистанската фудбалска репрезентација Фабио Канаваро се запраша зошто тој и неговиот тим биле единствените кои биле подложени на интензивни безбедносни проверки кога пристигнале во Њујорк, САД, за пријателскиот натпревар затворен за јавноста против Холандија.

Узбекистанската делегација пристигнала во Њујорк во понеделник, а поранешниот италијански репрезентативец Канаваро рекол дека му било кажано „тоа е правило“ откако играчите, багажот на тимот, па дури и тактичката табла на тимот биле скенирани и подложени на строги проверки од кучиња трагачи по пристигнувањето на мал стадион во Менхетен.

– Ми рекоа дека тоа е правило. Но, на крајот, тоа беше само за нас – беа зборовите на Канаваро.

Единствениот гол на Узбекистан во поразот од 2:1 од Холандија, го постигна Игор Сергеев, кој рекол дека ова е прв пат да биде подложен на вакви мерки.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Узбекистан е дебитант на најголемото натпреварување, а ќе игра во групата И со Колумбија, Конго и Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот