Елвир Мекиќ / Фото: Скриншот/Јутјуб

„Животот ни стана тежок кога татко ми ја загуби работата“: Елвир Мекиќ емотивно за детството

Елвир Мекиќ за првпат прозборе за родителите и за тешкиот дел од детството во Чаир кога татко му останал без работа, а мајка му се грижела за трите деца.

Попуарлниот пејач кој заедно со Јован Јованов одржа концерт за паметење во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни, сега со синот Дарис и со сопругата Лејла живее во Сараево.

Мекиќ работи во претставништво на позната македонска винарија, и рече дека во Сараево се преселил поради работата, но градот го чувствувал како свој поради тоа што ги посетувал родителите на тогашната девојка, а сегашна сопруга кои живеат таму. До својата девеетта година, Мекиќ живеел во Хиподром.

„Тие девет години навистина беа прекрасни години. Имавме прекрасно детство таму“, рече Елвир во поткастот на Стефан Лазаров и додаде дека потоа се преселиле во Чаир.

„Во Чаир навистина можеш да научиш многу за животот од раните години. Се дружиш со деца од различни вероисповести и националности и тоа го прави човекот многу побогат, затоа што учиш за многу култури, за нивните традиции. Тие учат за твојата традиција и така се прави еден убав спој.

Деведесеттите години беа навистина предизвикувачки и за нас како деца, така и за нашите родители. Тие години беа транзициски години, на кои што не беше лесно човек да се навикне. Бидејќи нашите родители во претходните години живееле во таа Југославија, којашто била многу средена. Сѐ се знаело, знаеш на први плата имаш, знаеш дека ќе имаш за децата“, рече Елвир Мекиќ и додаде дека во поранешната држава имало систем и поианку функционирале нештата.

„Како преку ноќ да се случи судбината на можеби 80 проценти од родителите или од луѓето кои што работеле по големите комбинати, да стане неизвесна.

Татко ми работеше цел живот во ‘Механика’ и дочека пензија. Тој беше механичар, поправаше автомобили, а потоа таа фирма се претвори во ‘Асива МГ’ и таа фирма практично ги отпушти тие луѓе. И тогаш навистина нашето детство, а и животот на моите родители, стана многу потежок отколку што бил, меѓутоа тие се труделе никогаш да не почувствуваме дека нешто нема, дека нешто фали, да бидеме поразлични од другите.

Мајка ми беше со додека не пораснавме, таа беше цело време со нас, во три смени што се вели. Ние сме три деца, јас имам постар брат и имам помала сестра. Тие се тука во Скопје и мајка ми се грижеше за нас, татко ми работеше и бевме едно просечно македонско семејство. Значи, со сите предности и мани, имало, немало, сме имале доволно, сме немале, меѓутоа јас сега тоа не би сакал да го да го преточиме во некоја тема колку тежок бил животот. Им бил тежок животот навистина на можеби повеќе од 80 проценти од луѓето. На улица кога сме излагале, сите исто сме имале или сите исто сме немале“, изјави познатиот пејач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот