ФОТО | Ретка глетка во Јадранското Море — кит од 70 тони плива кај хрватски остров
Во близина на островчето Блитвеница, југозападно од островот Жирје во Шибеничкиот архипелаг беше забележан перкаст кит.
Препорачано
Драшко Холцер, виш кустос во Хрватскиот музеј за природна историја и биолог специјализиран за екологија и заштита на големи морски ‘рбетници, истакнува дека овој вид е редовен посетител на Јадранот во ова време од годината, пишува „Морски.хр“.
Тоа е сезонски гостин кој влегува во Јадранското Море во потрага по храна во пролетните и летните месеци, првенствено поради цветањето на планктонот и изобилството на мали морски ракови во областите на јужниот Јадран и Јабучкиот басен.
Бидејќи овие морски џинови престојуваат во длабоките и отворените делови од морето, ретко ги гледаат обичните граѓани, додека се многу почеста глетка за рибарите на отворено море.
Инаку, перкастиот кит (Balaenoptera physalus) во просек е дол околу 20 метри, иако е регистриран примерок од 27 метри и тежат околу 70 тони.
Препознатлив е по својата сиво-кафеава горна и бела долна страна, како и по својата специфична, асиметрично обоена долна вилица, чија десна страна е бела, а левата страна темна.
Перкастиот кит ги населува сите светски океани, мигрирајќи помеѓу постудените поларни региони во лето и потоплите тропски мориња во зима.
На морското дно пронајдена гробница на китови стара пет милиони години


