Навагио, Закинтос, Грција - Фото: Philippe ROYER / Onlyworld.net, ONLY FRANCE / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Грција забрани пристап до една од најубавите и најпознати плажи на Закинтос

Со нова одлука објавена во Службениот весник на Грција, дефиниран е статусот на функционирање на познатата локација „Навагио“ на островот Закинтос – Грција, за оваа туристичка сезона. Со ова се потврдува дека и во текот на летото 2026 година ќе важат строги ограничувања за пристап на посетителите, пишува грчки „Ертњуз“.

Заедничката министерска одлука, потпишана од министерствата за заштита на граѓаните, за поморство и островска политика, за туризам, климатски кризи и цивилна заштита, предвидува целобна забрана за пристап како во „Забранетата зона“, така и во „Зоната со контролиран пристап“ во таа област.

Според официјалниот документ, пристапот е дозволен само до највисоката точка за набљудување (панорамската платформа), и тоа по завршувањето на неопходните работи за оградување, поставување заштита долж должината на карпата. Одговорноста за спроведување на овие мерки ја презема Општина Закинтос.

Воедно, предвидено е дека само во случаи на итна потреба и укажување помош ќе биде дозволен исклучителен пристап до конкретна слободна зона во близина на насуканиот брод „Панајотис“.

Строги рестрикции

Ограничувањата се исклучително строги и по воден пат. Се забранува закотвување или приближување на какво било пловно средство (бродови, чамци, јахти) на растојание помало од 50 метри од брегот на заливиот. Исто така, строго е забрането и пливањето во внатрешноста на морската област дефинирана меѓу двете крајни точки на заливиот.

Одлуката остава отворена можност во иднина да се одредат безбедни морски зони за ограничен пристап на кајчиња и бродови, но дури по соодветна одлука на надлежната пристанишна власт и ажурирано мислење од Организацијата за антисеизмичко планирање и заштиτα (ΟΑΣΠ). Обележувањето на овие подрачја би било обврска на Регионот Јонски Острови.

Мерките стапуваат на сила веднаш и ќе важат до 31 октомври 2026 година, со цел, како што се наведува,  заштита на безбедноста на посетителите за време на туристичката сезона.

Прекршителите, независно од кривичната или граѓанската одговорност, ќе се соочат и со административни казни (глоби), кои во зависност од висината и видот ќе бидат изрекувани од страна на припадниците на грчката полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот