Адријана Лима и Марко Јариќ/Фото: Lisa O'Connor / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Адријана Лима беше во брак со Марко Јариќ, а сега јавно ѝ се обрати на поранешната свекрва Лепосава

Бразилскиот топ модел Адријана Лима вчера го прослави 45-от роденден. Една од најпознатите светски убавици со години ги полни насловните страници поради успешната кариера и бројните модни ревии, но внимание од јавноста привлекува и нејзиниот љубовен живот.

Кога го запозна српскиот кошаркар Марко Јариќ на забава во Лос Анџелес во 2006 година, меѓу нив веднаш се појави „искра“. Нивната романса започна недолго по таа средба. Марко и Адријана се свршија во 2008 година, на нејзиниот 27-ми роденден, а се венчаа во тајност на Денот на вљубените следната година.

Адријана Лима и Марко Јариќ/Фото: Lisa O’Connor / Zuma Press / Profimedia

Во текот на нивниот брак, тие добија две ќерки, Валентина (16) и Сиена (13), а потоа во 2014 година се дозна дека двојката се разделува. Тие официјално го завршија својот брак две години подоцна, но останаа во добри односи поради децата. Адријана е блиска и со семејството на Марко, особено со неговата мајка, Лепосава Јариќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazin (@hellomagazinsrbija)

Нивниот однос се темели на меѓусебно почитување, искреност и љубов, а Адријана јавно го покажа тоа на својот инстаграм-профил. Таа посвети емотивна порака на својата поранешна свекрва, која Адријана и нејзините деца со љубов ја нарекуваат „Жижа“.

„Чест ми е што си баба на моите деца. Жижо, те сакаме“, напишала Лима.

Таа ѝ се заблагодарила што секогаш е тука за неа и за внуките и со тоа покажала дека нивната љубов не престанала дури ниту по разводот на нејзиниот син Марко. Дури и по разделбата со Марко, Адријана летувала со Лепосава во Црна Гора, уживајќи во заедничкото време.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA Magazin (@mamba_magazin)

Српските медиуми пишуваат и дека Лепосава често оди во Америка и се дружи со своите внуки, а Адријана ја пречекува со раширени раце. Освен Марко, Лепосава има уште две деца – Тамара и Никола. Тамара денес е успешна модна дизајнерка, а кога влезе во овој свет, не изостана поддршката од Адријана. Тамара има одличен однос со Адриана и тие се во контакт и денес.

Инаку, Адријана во август 2022 година роди трето дете, синот Цијан, кого го доби со филмскиот продуцент Андре Лемерс, со кого се омажи во 2024 година.

ФОТО+ВИДЕО | Адријана Лима ја направи првата фотосесија со ќерките за „Викторија сикрет“

ФОТО | Кралицата се врати! Адријана Лима се „стопи“ и го покажа вонсериското тело на ревијата на „Викторија сикрет“

 

ФОТО | Адријана Лима кажа „да“: Се омажи една од најубавите жени на светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот