ФОТО+ВИДЕО | Адријана Лима ја направи првата фотосесија со ќерките за „Викторија сикрет“
Адријана Лима и нејзините ќерки, 16-годишната Валентина и 13-годишната Сиена, по повод Денот на мајките, глумат во нивната прва заедничка кампања за бренд со кој Лима соработува уште од тинејџерските години, објави „Пипл“.
Препорачано
Трите се дел од кампањата „Моделирана по мама“ (Modeled After Mom) на „Викторија сикрет“, заедно со моделите Елса Хоск и Јасмин Тукс, и нивните деца.
„Беше како сон и сум исполнета како мајка“, вели Лима за можноста да работи со своите ќерки на овој проект.
View this post on Instagram
Лима открива дека двете нејзини ќерки сонуваат еден ден да бидат успешни, едната како актерка, а другата како модел.
„Да ја имам оваа можност за нив и за мене да бидеме заедно во фотосесија, беше навистина магично. Беше многу посебен момент, особено за Денот на мајките. И беше ден што нема да го заборавам, и мислам дека е ден што тие нема да го заборават во своите животи. Ова е нивната прва професионална фотосесија“, споделува Лима.
На фотосесијата, фотографирана од Зои Гросман, Лима, Валентина и Сиена се однесуваат како да се дома, скокаат по мебелот, се гушкаат и споделуваат многу смеа. Тие носат голем број удобни парчиња од „Викторија сикрет“. На една фотографија, сите три се наредени една врз друга, насмеани.
„Мислам дека нашата омилена е онаа што ја лежиме на каучот. Јас сум најдолу, Вален е горе, а Сиена е врз мене – тоа е како сендвич мајка-ќерка. И ние всушност го правиме тоа. Нашето семејство е седумчлено. Значи, го правиме тоа, сите ние, врз мојот сопруг“, вели таа со смеа.
View this post on Instagram
Лима ги доби своите ќерки со поранешниот сопруг Марко Јариќ. Моделот моментално е во брак со Андре Лемерс, со кого го има тригодишниот син Цијан. Лемерс веќе ги има ќерката Миа и синот Лупо од претходната врска.
Лима работи со „Викторија сикрет“ од 1999 година, кога имала 18 години. Таа вели дека сега кога ги има своите ќерки тинејџерки, се чувствува „исполнето“.
„Па, секогаш им велам дека што и да ги прави среќни, ќе ги поддржувам до крај. Ја видов индустријата, ги познавам сите и се чувствувам сигурно. Се чувствувам сигурно во врска со нив. Ако не се предомислат, можеби можат да работат заедно“, вели таа.
Но, иако ќерките на Лима имаат аспирации за моделирање, Лима вели дека не им понудила никакви упатства за позирање за оваа кампања. Наместо тоа, им дозволила да го прават тоа што им се чинело природно.
ФОТО | Адријана Лима и по разводот од Марко Јариќ има одличен однос со поранешната свекрва


