ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ го прослави јубилејниот роденден — на нејзината торта, свеќичките се забранети
Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, вчера го прослави јубилејниот 40-ти роденден.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По овој повод, социјалните мрежи се преплавени со честитки од обожаватели и пријатели кои ѝ посакуваат се најдобро во новата деценија од нејзиниот живот.
Самата Јелена на својата инстаграм-приказна објави видео од нејзе, Новак и децата, како своевидна ретроспектива на среќните и драгоцени моменти од нивната љубов и заеднички живот.
Позната по својот елегантен стил, хуманитарна работа и посветеност на семејството, Јелена, како и секоја година, овој посебен ден го поминала со своите најблиски пријатели, сопругот Новак и нивните деца.
Јелена Ѓоковиќ неодамна привлече големо внимание кај јавноста кога откри необично правило кое строго се почитува на роденденските забави во нивниот дом. Во семејството Ѓоковиќ традиционално не се гасат свеќички на роденденските торти, а Јелена детално ја објасни длабоката духовна симболика зад оваа одлука:
– Свеќата е симбол на светлината, не сакам да ја гасиме – рекла во една прилика, па додала:
– Сите палиме свеќи во црквите за здравје и мир. Свеќата е симбол на светлината и просветлувањето. Потоа се запрашав – како тоа животот го славиме со гасење на свеќата додека замислуваме желба? Одлучив да го променам тој обичај барем во мојот дом – рекла Јелена.
На фотографијата од минатата година кога го прославила својот 39-ти роденден со Новак и децата, можевме да видиме дека навистина немало свеќи на тортата.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Ѓоковиќ доби специјална награда во Дубаи која му ја додели Кристијано Роналдо
Недвижнините на Ѓоковиќ, вила на езеро и кралски пентхаус (ФОТО)


