ВИДЕО | Ѓоковиќ доби специјална награда во Дубаи која му ја додели Кристијано Роналдо
Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, доби специјална награда оваа недела во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Препорачано
Ѓоковиќ ја доби наградата „Глоуб Сокер“ во Дубаи за неговиот придонес во спортот. Наградата му ја додели еден од најдобрите фудбалери во светот, Португалецот Кристијано Роналдо.
– Не сакам многу да зборувам, но тој е пример. Кога си пример за луѓето, тоа зборува само за себе. Тој е пример, неговата долговечност, имаме слични приказни, мислам дека е заслужена, бидејќи е пример за сите генерации, за новите, за старите, за оние што доаѓаат, тој го заслужува ова – рече Роналдо.
Ѓоковиќ исто така имаше што да каже:
– Привилегија и чест е да бидам тука вечерва и да добијам награда од уште една спортска легенда, тоа е сон што се оствари. Не го очекував ова, јас сум голем фудбалски обожавател, дојдов тука да ја прославам неверојатната година што ја имаа сите фудбалски ѕвезди, не можев да бидам посреќен – беа зборовите на Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ дојде во Дубаи и за да се подготви за почетокот на новата тениска сезона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


