Фото: Screenshot/X

ВИДЕО: Ѓоковиќ како Стеф Кари — погоди три тројки во низа од различни позции

Новак Ѓоковиќ го искористи престојот во Њујорк за низа активности кои немаат многу врска со тенискиот рекет, а покажа и дека им квалитети и за кошарка.

По премиерата на неговиот документарец, Новак се посвети на забавата и покажа дека одлично се снаоѓа и во други спортови. На еден од настаните тој успеа да погоди три тројки во низа од различни позиции со што ги воодушеви сите присутни, а видеото беше објавено и од официјалната страна на НБА.

Според најавите се очекува Ѓоковиќ вечерва да биде присутен и на финалето на Светското првенство во кое од 21:00 часот по средноевропско време ќе играат Шпанија и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот