ВИДЕО | Можно е финалето на Светското првенство да не почне во 21:00 часот
Големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, кое е закажано за вечерва од 21 часот во Њујорк, би можело да не започне во предвидениот термин поради лошите временски услови што го зафатија градот.
Препорачано
Во изминатите часови силно невреме проследено со поројни дождови и поплави создаде сериозни проблеми низ Њујорк, поради што организаторите внимателно ја следат состојбата. Во јавноста веќе се појавија информации дека е можно почетокот на натпреварот да биде одложен доколку временските услови не се стабилизираат.
Регионот веќе неколку дена е погоден од интензивни бури и висока влажност, а во одредени делови од градот за само еден час наврнале меѓу 50 и 75 милиметри дожд.
Обилните врнежи предизвикаа поплави на повеќе главни сообраќајници, додека водата навлезе и во дел од станиците на метрото. Поради тоа е отежнато движењето низ градот, а навивачите би можеле да се соочат со проблеми при пристигнувањето на стадионот доколку временската состојба не се подобри.
#BREAKING: Torrential Rain Triggers Flash Flood Emergency Across New York City
After days of scorching heat and smoky skies caused by wildfires, New York City was hit by torrential rain on Saturday, triggering widespread flash flooding. The intense downpour inundated roads,… pic.twitter.com/qPhU57MVFw
— upuknews (@upuknews1) July 19, 2026


