Северина и британскиот амбасадор во Загреб Џавед Пател - Фото: Инстагра/Северина

ФОТО | Северина ја бодреше Хрватска кај „противниците“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието каде и да се појави. Таа вчера беше гостинка во резиденцијата на британскиот амбасадор во Загреб, Џавед Пател, каде што беше организирано заедничко гледање на фудбалскиот натпревар помеѓу Хрватска и Англија, а целата атмосфера ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

За оваа елитна спортска вечер, Северина беше облечена од глава до пети во црвено-бели парчиња, со препознатливите хрватски „коцки“ на маичката и впечатливи црвени високи потпетици. Сепак, најголемо внимание привлече нејзиниот луксузен додаток, чантата од престижната марка „Сен Лоран“, која чини неверојатни 2.500 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

На приемот таа уживаше во елитното друштво, меѓу кои беа познатата хрватска инфлуенсерка Нина Скочак и најмладата државна секретарка во Хрватска, 33-годишната Невенка Ластриќ-Ѓуриќ.

„Сигурно сте ги забележале објавите на британскиот амбасадор во Загреб? Тој зборува хрватски, веќе знае повеќе за нас отколку ние за себе… Имав чест да бидам гостинка на Неговата Екселенција на приемот во резиденцијата по повод роденденот на кралот“, напиша Северина.

Северина – Фото: Инстаграм / Северина

Пејачката откри и зошто се одлучила за ваков стајлинг на настанот кој всушност беше организиран од Британската амбасада како дел од прославата на официјалниот роденден на кралот Чарлс Трети:

„Бидејќи по приемот следеше меѓусебен ‘судир’ меѓу нашите два тима, се откажав од британските дизајнери и се одлучив за нашата црвено-бела комбинација. Беше прекрасно, премногу жешко, многу прекрасни луѓе… Се сретнав и со моите ‘кумашини’, пилоти на чија класа бев кума во 1998 година“, додаде таа со насмевка.

ФОТО | Северина денеска го слави 54-от роденден: Еве како изгледала пред 30-тина години, една работа драстично ја променила

ФОТО | Северина се огласи по пресудата за старателството – „Борбата не е завршена, ниту мојата, ниту на многу мајки“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот