Недвижнините на Ѓоковиќ, вила на езеро и кралски пентхаус (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ денеска го прославува 33. роденден и уште сега се вбројува меѓу најдобрите тенисери во историјата. Неверојатната кариера во која досега освои 17 грен слем титули му овозможи и голема заработка, тој досега има заработено 131 милиони долари од награди на тениските турнири со што е најдобар во историјата, а тоа му го донесе и 55. место на листата на „Форбс“.

Не е тајна дека Ѓоковиќ сака да троши, и негова славост му се луксузните недвижнини. Новак има раскошни куќи и апартмани во Монте Карло, Њујорк, Мајами, Белград, Тиват и Срем.

Базата и место каде Новак поминува највеќе време е Монте Карло. На една од најекслузивните локации во кнежевството Ѓоковиќ има луксузен апартман со неверојатен поглед, а соседи му се Ф1 шампионот Луис Хамилтон и Каролина Вознијацки.

Во САД, Ѓоковиќ поседува две станбени единици од 185 квадратни метри на Менхетен во Њујорк за кои издвои 5.4 милиони долари, а сосед му е звездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Во Мајами српскиот тенисер има стан во елитна населба „87 park“ на Мајами бич, а тоа задоволство го чинеше шест милиони евра.

Првиот тенисер на АТП ранг листата има имот и во родната Србија, во Белград купи стан во елитната населба „West 65“ како според тамошните медиуми за пентхаусот од 250 квадратни метри плати 545.000 евра, а има и тераса од 100 квадратни метри со базен.

Ѓоковиќ поседува и стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват, Црна Гора. Вредноста на станот е проценета на 2.2 милиони евра.

Но, Ѓоковиќ не поседува само станови, тој има и луксузна вила во Срем која се уште се гради. Вилата треба да има 1.200 квадратни метри и базен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот