Фото: KF Shkendija

КЛ: Шкендија доколку го елиминира Браво, во третото коло од квалификациите ќе игра со Малишева или со Хибернијан

Денеска македонските фудбалски клубови Вардар и Шкендија ги добија потенцијалните ривали во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Скопски Вардар доколку успее да излезе како победник во двомечот со летонската Рига, во следната фаза ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Атерт Бисен (Луксембург) и ЕТО Ѓер (Унгарија). Првиот натпревар би се играл во Скопје.

Тетовска Шкендија доколку го елиминира словенечкиот клуб Браво, во третото квалификациско коло на КЛ ќе се сретне против Малишева од Косово или со Хибернијан од Шкотска.

Првите натпревари од третото квалификациско коло на КЛ ќе се играат на 6 август, а реванш-средбите една недела подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот