Фото: илустрација / МВР

Повторно се менува Законот за оружје, здруженијата и експертите кажаа што им пречи во предлогот на власта

Во Собранието денес се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност посветена на Предлог-законот за оружјето, со кој се предвидува уредување на условите за набавување, поседување, носење и пренесувањп, чување, производство, поправање, онеспособување, промет, посредување, трансфер, превоз и пренесување преку државната граница на оружје, негови делови и муниција.

Пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го бранеше предлогот со аргументот дека тој е усогласен со легислативата на Европската унија.

-Предложеното законско решение е усогласено со релевантната легислатива на Европската Унија и претставува чекор кон понатамошно унапредување на националната правна рамка во оваа област – рече Петрушевски.

Меѓу поважните измени кои се предлагаат е ограничувањето на бројот на парчиња оружје кои ќе може да ги поседува физичко лице — на најмногу десет.

Претставникот на Комората за приватно обезбедување забележа дека неговата организација не била консултирана за измените и реагираше на скратеното важење на дозволата, која од десет години, со измените двојно се скратува, на пет.

Од Групацијата за оружје при Стопанска комора ги поздравија предложените измени, но укажуваат дека тие ќе повлечат и одредени административни трошоци за компаниите.

Дел од ескпертите присутни на јавната расправа изнесоа забелешка и апел дека во законското решение да се направи поконретна дефиниција на спортското оружје и неговото користење.

Законот за оружје беше донесен 2005 година и за 20 години е 15 пати менуван и дополнуван.

ФОТО | Стрелачки клуб од Прилеп им продавал оружје на луѓе кои немале дозвола, полицијата заплени 80 парчиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот