Пушки / Фото: МВР

ФОТО | Стрелачки клуб од Прилеп им продавал оружје на луѓе кои немале дозвола, полицијата заплени 80 парчиња

Стрелачки клуб од Прилеп ќе одговара за продажба на оружје на луѓе кои немале дозвола за поседување огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поднесена е кривична пријава против стрелачкото друштво, управителот, како и против ракувач со оружје.

„На 06.05.2026 до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Во периодот од 26.01.2026 – 29.01.2026 бил извршен увид врз основа на наредба од јавен обвинител и било утврдено дека во стрелачкиот клуб се пронајдени пет малокалибарски пушки за кои не поседуваат соодветна дозвола. Исто така, било утврдено дека управителот заедно со ракувачот на оружје, како дел од управен одбор, вршеле продажба на огнено оружје кое го поседувал стрелачкиот клуб на лица кои не поседувале дозвола за поседување на огнено оружје“ соопшти МВР.

Пушки / Фото: МВР
Пушки / Фото: МВР

Поради тоа, во текот на 06.05.2026 ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал и Одделот за граѓански работи од стрелачкиот клуб се одземени околу 70 малокалибарски пушки и 10 малокалибарски пиштоли, како и поголема количина на пневматско оружје со цел поведување на управна постапка пред надлежен орган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот