Човек се крие од сонце на плоштад на плус 40 степени / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Сончев и жежок ден со температура до 39 степени

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од Скопската Котлина, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Сончев и жежок ден не очекува и денеска. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, додека попладне во делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринските температури се движат од 14 степени во Берово до 22 степени во Гевгелија, а максималните дневни ќе бидат меѓу 31 степен во Маврово и 39 степени во Скопје.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од Скопската Котлина, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 21 до 39 степени, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Според прогнозата на УХМР, промена на временските услови се очекува во вторник. Иако ќе остане сончево и топло, во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 23 степени, а максималните ќе бидат меѓу 30 и 38 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот