ВИДЕО | БиХ не издржа за големо славје среде Торонто, Канада дојде до бод
Фудбалерите на Канада и БиХ вечерва го одиграа првиот натпревар без победник на Мундијалот откако во групата Б ремизираа 1-1.
Препорачано
Натпреварот почна со иницијатива на домаќините кои имаа поголем посед на топка, сепак кога се шансите во прашање и Босна знаеше да биде опасна.
Тоа го покажа во 21. минута кога по еден корнер Лукиќ одлично се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата. Овој погодок беше и единствен во првите 45 минути.
Домаќинот го засили темпото во вториот дел тргна по гол за израмнување, голема шанса Канада имаше во 51. Минута кога Колшинац со фантастична интервенција го спаси својот гол, откако голманот Васиљ беше веќе совладан.
Канаѓаните сепак стигнаа до израмнување и тоа преку Ларин кој стрелаше во 78. минута откако само две претходно влезе во игра.
Следниот натпревар од оваа група се игра утре во истиот термин од 21:00 часот и во него ќе се сретнат екипите на Катар и Швајцарија.
„Фудбалот се враќа дома“ – како настанал најпознатиот англиски слоган
Зошто скоро сите фудбалери на СП 2026 носат копачки во иста боја?


