Доналд Трамп / фото: Rawpixel / CC0

Трамп има поважна работа, нема да го гледа првиот натпревар на САД на Мундијалот

Иако ретко се случува претседател на земја која е домаќин да го пропушти отворањето на Светско првенство, американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде присутен на натпреварот со кој САД ќе го започнЕ Мундијалот против Парагвај во Лос Анџелес, натпреварот се игра вечерва во три часот по полноќ по средноевропско време.

Информацијата ја потврди Ендрју Џулијани, извршен директор на работната група за Светското првенство, во интервју за британското радио „ТокСпорт“.

„На крајот, претседателот нема да присуствува на натпреварот на отворањето. Како што веќе истакнавме, неговиот распоред е исклучително густ, но сигурен сум дека ќе биде активно вклучен во случувањата поврзани со Светското првенство во текот на целиот турнир“, изјави Џулијани.

Тој додаде дека Трамп мора да се врати во Вашингтон подоцна за време на викендот, а во недела, кога ќе го одбележи својот 80. роденден, ќе биде домаќин на настанот „УФЦ Фридом 250“ во Белата куќа.

Иако отсуството на шефот на државата од отворањето на Мундијалот не е вообичаена практика, вакви случаи веќе имало и претходно. Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, исто така не беше присутна на натпреварот на својата репрезентација против Јужна Африка, кој Мексиканците го добија со 2:0.

Американската делегација на свеченото отворање ќе ја предводат државниот секретар Марко Рубио, министерот за транспорт Шон Дафи и министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин. Нивното присуство беше потврдено и од Стејт департментот во соопштение објавено претходно оваа недела.

ФОТО | Трибините на натпреварот помеѓу Јужна Кореја и Чешка беа полупразни, а ФИФА вели дека биле полни

Раде Богдановиќ: Срамота за фудбалот е што Роналдо игра на Светското првенство

ФОТО | Американците во преносите од Мундијалот ги учеа гледачите што е црвен картон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот