Ива Младеновска беше прогласена за МВП на завршниот турнир во Купот на Македонија/ фото: РФМ

Ива Младеновска ќе игра за германскиот вицешампион

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе ја продолжи кариерата во редовите на Борусија Дортмунд, откако германскиот клуб денеска официјално го потврди нејзиниот ангажман.

Младеновска во Дортмунд пристигнува од францускиот Безансон, каде што настапуваше во изминатиот период и стекна значајно меѓународно искуство.

Од германскиот клуб не го криеја задоволството од новото засилување, истакнувајќи дека станува збор за млада и перспективна ракометарка со голем потенцијал.

„Со ангажманот на Ива Младеновска добиваме амбициозна ракометарка која веќе има искуство на меѓународната сцена. Задоволни сме што го избра нашиот клуб и веруваме дека ќе претставува значајно засилување за тимот“, порачаа од Борусија Дортмунд.

Германскиот состав зад себе има успешна сезона, откако ја заврши Бундеслигата на втората позиција. Воедно, клубот аплицираше и за специјална покана за настап во Лигата на шампионите, што дополнително ја зголемува амбицијата за наредната сезона.

На клупата таткото, на теренот синот: Горан и Даниел остануваат дел од Младост Богданци

Познати се датумите кога Македонија ќе игра на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот