Фото: РФМ

Познати се датумите кога Македонија ќе игра на Мундијалот

Откако денеска ги доби противниците за Светското првенство во Германија, македонската ракометна репрезентација го дозна и распоредот на натпреварите во групната фаза од шампионатот.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе настапуваат во групата Х во Магдебург, каде што за ривали ќе ги имаат селекциите на Јапонија, Бахреин и Исланд.

Македонија настапот на Мундијалот ќе го отвори на 15 јануари со дуел против Јапонија. Вториот натпревар е закажан за 17 јануари, кога нашите ракометари ќе се соочат со Бахреин. Последниот предизвик во првата фаза ќе биде на 19 јануари против Исланд.

Според пропозициите на натпреварувањето, трите најдобропласирани репрезентации од групата ќе обезбедат место во следната рунда и ќе ја продолжат борбата за што подобар пласман на Светското првенство.

Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари следната година, а домаќини на натпреварите ќе бидат германските градови Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот