Шкендија одбила финансиска помош од ФФМ од 700.000 евра
На денешниот брифинг со новинарите претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, зборуваше за повеќе актуелни прашања поврзани со клупскиот и репрезентативниот фудбал, инфраструктурните проекти и зачувувањето на интегритетот на натпреварувањата.
Препорачано
Осврнувајќи се на прашање за стадионот во Тетово и поддршката на федерацијата околу изградбата на новиот стадион, Омерагиќ потсети дека ФФМ обезбедила значителна финансиска поддршка за подобрување на условите.
„Шкендија од Тетово нема пријавено нов стадион за новата сезона, без разлика што им се реновира стадионот. Ние најавивме поддршка од 700.000 евра за изградбата на трибините во Тетово. Сепак, од човек во управата на Шкендија неколку пати, на заеднички состаноци, добив одговор дека не им е потребна помош, а јас не планирам никого да молам“, изјави Омерагиќ.
Во врска со одлуката на УЕФА за условна казна за ФК Вардар, претседателот на ФФМ нагласи дека федерацијата нема никаква улога во процесот на одлучување.
Случајот на Башкими е пред суд, се чека правосилна пресуда за евентуалната казна
Седлоски: Верувам дека доаѓаат подобри денови за македонскиот фудбал


