Ѓорѓи Христов/ФФМ

Ѓорѓи Христов: Генерацијата до 21 година е одраз на работата во последната деценија и не треба да се залажуваме

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите на кој присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, селекторот на репрезентацијата, Гоце Седлоски, техничкиот директор на националните младински селекции, Ѓорѓи Христов и комесарот за делегирање судии, Јосип Бартон.

„Не бев изненаден од ситуацијата што ја затекнав, бидејќи добро знаев што нѐ очекува. Откако дојдовме, презедовме неколку конкретни чекори, меѓу кои и формирањето на репрезентацијата до 20 години, а веќе можат да се забележат и првите позитивни ефекти“, изјави Христов.

Тој потенцираше дека промените бараат време и дека сегашната генерација на млади репрезентативци е резултат на процес кој трае со години.

„Реалноста е таква каква што е и не треба да се залажуваме. Денешната генерација на репрезентативци до 21 година е одраз на работата што се вршела во последната деценија. Токму затоа решивме да направиме реорганизација на најмладите категории. Репрезентацијата до 15 години не е укината, туку е поставена на поинаков начин со цел младите фудбалери да имаат повеќе натпревари и подобри услови за развој“, рече Христов.

Седлоски: Верувам дека доаѓаат подобри денови за македонскиот фудбал

ФК Вардар се спогодил со УЕФА да плати казна од 250.000 евра поради двојни договори

Случајот на Башкими е пред суд, се чека правосилна пресуда за евентуалната казна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот