Група И Фото: Х

Мундијал 2026 | Група И: Халанд и другарите се закана за „триколорите“

Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи.

Група И-Франција, Сенегал,Ирак, Норвешка 

 

Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место

 

ФРАНЦИЈА

Најдобри пласмани: Шампиони (1998 и 2018)

Учества: 16

Рангирање на ФИФА: 1

Откако стигнаа до финалето во 2022 година, губејќи од Аргентина на пенали, „сините“ ќе настапат на Мундијалот 2026 како силни фаворити и како прворангирана репрезнетација во светот со плејада суперѕвезди во своите редови. Фрацузите имаат смртоносен напад предводен од капитенот Килијан Мбапе и поддржан од извонредните таленти на Усман Дембеле, Дезир Дуе и Михаел Олисе, меѓу другите. Искуството на Нголо Канте и Орелиен Чуамени ќе биде многу корисно за тимот кој може да уништи секого.Французите се толку добар тим што е тешко да се најде дури една маана кај нив, освен ако егоизмот на поединци не предизвика поделби во соблекувалната што би ги пореметило плановите на долгогодишниот селектор Дидие Дешан да го зголеми бројот на освоени светски титули, а досега освои една во 2018 година како стратег и една титулата во 1998 година како играч.

Мундијал 2026 | Група Б: Швајцарците се најголеми фаворити, Kанада ќе го носи товарот на очекувањата

СЕНЕГАЛ

Најдобри пласмани: Четвртфинале (2002)

Учества: Четири

Рангирање на ФИФА: 14

Втората најдобро рангирана африканска репрезентација, Сенегал, ќе биде меѓу тимовите што ги носат надежите на континентот за пласман во втората рунда. Тие во групата ќе се борат за да завршат како второпласирани зад Франција. Сенегал е солидна екипа, го освои Африканскиот куп на нации 2026 без пораз во Мароко претходно оваа година, но потоа трофејот им беше доделен на домаќините со контроверзна одлука на управниот одбор. Сенегал има силен состав кој е заедно долго време, предводен од капитенот Калиду Кулибали и клучниот играч Садио Мане. Селекторот Папе Тио беше стратегот на успехот на Африканскиот куп и способен е да го направи својот тим конкурентен на Светското првенство 2026. Сенегалците тешко дека ќе излезат на крај со Франција, а сакаат да освојат максимални бодови против Ирак и Норвешка.

Мундијал 2026 | Група Ц: Бразил секогаш е меѓу фаворитите за титулата, Мароко сонува ново чудо

ИРАК

Најдобри пласмани: Групна фаза (1986)

Учества: Едно

Рангирање на ФИФА: 54

Нивниот пласман на ова СП е една од најинспиративните приказни за надминување на неволјите и огромните пречки. Поради војната на САД и Иран, Ирак имаше пречки во плејофот против Боливија во март, но некако триумфира, обезбедувајќи го своето второ учество на СП. Австралискиот селектор Греем Арнолд вети дека неговите играчи ќе бидат конкурентни. Еден од нивните клучни играчи е Амир Ал-Амари, роден во Шведска. но Ирак ќе има шанса да го подобри својот мундијалски скор од само еден гол и нула бодови од три меча во нивниот единствен настап во 1986 година.

Мундијал 2026 | Група Г: Последниот танц на белгиските ѕвезди, Иран и Египет ќе се борат за следна фаза

НОРВЕШКА

Најдобри пласмани: Осминафинале (1998)

Учества: Четири

Рангирање на ФИФА: 31

Норвешка беше еден од најдобрите тимови во квалификацииите, победувајќи на сите осум меча и постигнувајќи неверојатни 37 гола. „Викинзите“ го имаат еден од најмоќните напаѓачи во светот, Ерлинг Халанд, кој ја освои Златна копачка во Премиер лигата. Во средниот ред е стабилниот Мартин Одегард, кој ја освои својата прва титула во Премиер лигата како капитен на Арсенал, па затоа на Норвежаните нема да им недостига самодоверба. Норвежаните не играле на СП речиси 30 години. Ова е нивна прва квалификација откако се пласираа во осминафиналето во 1998 година. Слекторот Солбакен ќе очекува битка со Сенегал за место зад фаворитот Франција. Но Норвежаните можат да изненадат секого.

Мундијал 2026 | Група Х: Шпанија е фаворит за титулата, Биелса е најголем адут на Уругвај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот