Група Г Фото: Х

Мундијал 2026 | Група Г: Последниот танц на белгиските ѕвезди, Иран и Египет ќе се борат за следна фаза

Светското фудбалско првенство  започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи.

Мундијал 2026 | Група Ф: Четири репрезентации со еднакви шанси за пласман понатаму

ГРУПА Г- Белгија, Египет, Нов Зеланд, Иран

БЕЛГИЈА

Најдобри пласмани: Трето место (2018)

Учества: 15

Рангирање на ФИФА: 9

Белгија има репутација за негување и производство на таленти. „Црвените ѓаволи“ добро се подмладија, бидејќи многу од златната генерација што заврши трета на Русија 2018, како што се Еден Азар, Ромелу Лукаку и Томас Вермален, се пензионираа или се надвор од игра. Ѕвезди во подем како што се напаѓачот на Манчестер Сити Жереми Доку, дефанзивниот играч за врска на Астон Вила Амаду Онана и напаѓачот на Јувентус Лоис Опенда, ја презедоа палката. Ветеранот, голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа е еден од постарите. Поранешната суперѕвезда на Сити, Кевин де Брујне (34) кој сега е во Наполи, останува стабилен играч од средниот ред и извор на инспирација со 117 настапи и 34 гола. По испаѓањето од групата на СП во Катар во 2022 година, Французинот Руди Гарсија, назначен за тренер во јануари 2025 година, ги спои старото и новото и ја однесе Белгија до Светското првенство 2026 како непоразен победник во квалификациската група Ј. Деветторангираната репрезентација на светот повторно е еден од фаворитите од сенка.

Мундијал 2026 | Група E: „Панцерите“ се кандидати за титулата, Курасао дебитира на големата сцена

ЕГИПЕТ

Најдобри пласмани: Осминафинале (1934)

Учества: 3

Рангирање на ФИФА: 29

Египет доминира во африканскиот фудбал (седумкратен победник на Африканскиот куп на нации), но мундијалите му се тешко бојно поле. Египет учествувал само трипати (1934, 1990 и 2018) и не ја поминал групата. Ги загубија сите три натпревари на нивниот последен настап во Русија. „Фараоните“, предводени од легендарниот напаѓач Хосам Хасан, ќе се обидат да направат нешто повеќе на ова СП 2026, каде се фаворити за врвот на групата, заедно со Белгија. Тимот се потпира на старата гарда. Тука е Мо Салах (33) кој се збогува со Ливерпул, напаѓачот на Манчестер Сити Омар Мармуш (27), напаѓачот на Ал Ахли Трезеге (30) и легендарниот голман на Ахли Мохамед Ел Шенави (36). Бекот Мохамед Абделмонем (25) е меѓу помладата генерација. Оваа генерација на „Фараоните“ има многу мотивација да се повлече славно со силен настап на СП.

Мундијал 2026 | Група Д: Турција никогаш посилна, „Јенките“ посакуваат успех пред своите навивачи

ИРАН

Најдобри пласмани: Групна фаза (1978, 1998, 2006, 2014, 2018, 2022)

Учества на Светските првенства: Шест

Рангирање на ФИФА: 21

Иран ќе настапува во САД во тешка ситуација, се натпреварува во земја со која е во војна. Како сила од Заливот, Иран се квалификуваше за пристоен број светски првенства, шест, но не ја поминал групната фаза. Иранците се предводени од селекторот Амир Галеноеи (62), кој има големо искуство во фудбалот на својата земја со пет титули во тамошната Про лига, иако последната од нив беше со Естеглал во сезоната 2012-2013. Меѓу главните играчи се ветеранот напаѓач Мехди Тареми (Олимпијакос), играчот од средниот ред Саман Годос (Калба) и искусниот голман Алиреза Беиранванд (Трактор). Рангирањето на 21 место (ФИФА листа) можеби е превисоко, но исто така сугерира дека Иран знае да се бори максимално.

Мундијал 2026 | Група Б: Швајцарците се најголеми фаворити, Kанада ќе го носи товарот на очекувањата

НОВ ЗЕЛАНД

Најдобри пласмани: Групна фаза (1982, 2010)

Учества: Две

ФИФА ранг-листа: 85

Нов Зеланд може да произведе квалитетни фудбалери, некои од нив играат во Англија. Селекторот Дарен Бејзли се надева дека трендот на раст ќе продолжи и оваа година. Меѓу главните играчи се напаѓачот на Нотингем Форест Крис Вуд, кој има 45 репрезетативни голови, централниот бек Томи Смит (36) од англискиот клуб од петтото ниво Брејнтри Таун и поранешниот дефанзивец на Суперспорт Јунајтед Мајкл Боксал (37), кој сега е во Минесота јунајтед од МЛС лигата.

Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот