Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место
Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Од денеска па се до почетокот на првенството ќе ви ги претставиме сите 48 учесника кои се распоредени во 12 групи.
Препорачано
МЕКСИКО
Најдобри пласмани: Четвртфинале
Настапи: 17
ФИФА рангирање: 15
Мексико ќе го носи товарот на очекувањата како содомаќин на турнирот, бидејќи се стреми да го помине четвртфиналето на Светското првенство, првпат во својата историја. Справувањето со притисокот ќе биде голем предизвик и Мексиканците очајно ќе се обидат да успеат, но ќе им треба нешто извонредно за да ја минат групната фаза. Водени од домашната поддршка, ако можат да постигнат добар резултат прво против Јужна Африка, содомаќините можат да добијат „моментум“ за да отидат далеку на турнирот. Едсон Алварез од Фенербахче ќе биде клучен играч во средниот ред.
ЈУЖНА АФРИКА
Најдобри пласмани: Групна фаза
Настапи: Три
ФИФА рангирање: 60.
Бафана Бафана изненади со квалификацијата за Светското првенство пред Нигерија и се врати на големата сцена под водство на белгискиот селектор Уго Брос, првпат откако беа домаќини во 2010 година. Ова ќе биде нивно четврто учество на Светските првенства, откако претрпеа испаѓања од групната фаза во 1998, 2002 и на домашен терен пред 16 години, но новиот формат, каде што осумте најдобри третопласирани екипи од групита се пласираат во шеснаесетфиналето, им дава надеж.
ЈУЖНА КОРЕЈА
Најдобри пласмани: Четврто место (2002)
Настапи: 11 настапи
ФИФА рангирање: 25.
Јужна Кореја долго ќе се памети по нивниот настап до полуфиналето на СП 2002, кога беа содомаќини со Јапонија, елиминирајќи ја Португалија во нивниот последен натпревар од групата, победувајќи ја Италија со златен гол во осминафиналето, а потоа победувајќи ја Шпанија на пенали пред поразот во полуфиналето од Германија. Доаѓаат на овој турнир по период на лоша форма, вклучувајќи ги поразите од Брегот на Слоновата Коска (0-4), Австрија (0-1) и Бразил со 0-5. Канг-Ин Ли (ПСЖ) е главна закана во нападот.
ЧЕШКА РЕПУБЛИКА
Најдобри пласмани: Вицепрвак (1934 и 1962)
Настапи: 10 настапи
ФИФА рангирање: 41.
Чешка не знаеше до пред два месеци дали ќе биде на Мундијалот, а мораше да го заработи своето место на тежок начин, преку европските плејоф натпревари кон крајот на март. За Чесите ова е прв настап на СП по 2006 година, кога разочараа и испаднаа во групната фаза. Тоа тогаш беше нивното единствено Светско првенство од 1990 година, по разделбата со Словачка. Земјата двапати заврши како втора: во 1934 година зад Италија и во 1962 година зад Бразил. Патрик Шик (Леверкузен) ќе биде главна закана во нападот.


