Скопје и Шкендија Арачиново мора да ги исполнат сите услови ако сакаат да играат во Прва лига
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите зборуваше на повеќе актуелни теми поврзани со македонскиот фудбал, а меѓу нив беа и новите прволигаши Шкендија Арачиново и Скопје.
Препорачано
Омерагиќ порача дека двата клуба ќе мора да ги исполнат сите услови предвидени со правилниците за лиценцирање доколку сакаат следната сезона да настапуваат во Првата македонска фудбалска лига.
„До Скопје и Шкендија Арачиново веќе се испратени официјални известувања дека во најкус можен рок треба да ја комплетираат постапката за лиценцирање. Ова не е прашање на избор, туку обврска согласно прописите кои важат за сите клубови“, истакна првиот човек на ФФМ.
За разлика од овие два клуба, Брегалница не беше предмет на дискусија на денешниот брифинг. Штипскиот состав, кој исто така обезбеди место во елитното друштво, најверојатно веќе ги исполнил и навреме ги завршил сите административни и организациски обврски потребни за добивање лиценца за настап во најсилната домашна конкуренција.
Нова казна: Вардар покрај 250.000 евра на УЕФА, ќе плати и уште 17.000 евра на ФФМ
Седлоски: Верувам дека доаѓаат подобри денови за македонскиот фудбал
Случајот на Башкими е пред суд, се чека правосилна пресуда за евентуалната казна


