Група 1 Фото: Х

Мундијал 2026 | Група Ц: Бразил секогаш е меѓу фаворитите за титулата, Мароко сонува ново чудо

Светското фудбалско првенство  започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Од денеска па се до почетокот на првенството ќе ви ги претставиме сите 48 учесника кои се распоредени во 12 групи.

Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место

Група Ц-Бразил,Мароко,Шкотска,Хаити

БРАЗИЛ

Најдобри пласмани: Шампиони (1958, 1962, 1970, 1994, 2002)
Учества: 22
Рангирање на ФИФА: 6

Бразил секогаш е еден од фаворитите за освојување на титулата. „Кариоките“ го освоиле трофејот рекордни пет пати (пред четири пати на Германија и три на Аргентина) и ќе го имаат својот 23. настап оваа година. Бразил е секогаш конкурентен. Тие стигнаа до финалето седум пати и до полуфиналето 11 пати. Иако во последните неколку мундијалски изданија Бразил не е на очекуваните височини, овој состав се чини дека е способвен за највисок дострел. Славниот тренер Карло Анчелоти ја презеде функцијата селектор во мај минатата година, а првиот странски кормилар на Бразил има задача да го води застрашувачкиот состав до шестата титула. Меѓу ѕвездените играчи се големи имиња, вклучувајќи го еден од најголемите играчи во светот Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), напаѓачот на Барселона Рафиња, дефанзивците Маркињос (Пари Сен Жермен) и Едер Милитао (Реал Мадрид) и играчот од средниот ред Бруно Гимареш (Њукасл Јунајтед).

МАРОКО

Најдобри пласмани: Четврти (2022), осминафинале (1986)
Учества: Седум
Рангирање на ФИФА: 8

По одличната претстава во Катар пред четири години кога станаа првите полуфиналисти во Африка и завршија четврти, Мароко со нетрпение ќе очекува да го напише следното поглавје од нивната голема приказна. „Атлас Лајонс“ се фаворити за напредок од оваа група заедно со Бразил. Со седум настапи на Светското првенство, Мароко беше еден од првите африкански тимови со пласман во осминафиналето (1986) година. Мароканскиот фудбал е на високо ниво – клубовите од земјата редовно стигнуваат до континенталните финалиња. Ова е првпат Мароканците да се квалификуваат на три мундијали во низа. Селекторот Мохамед Уаби треба да го предводи тимот низ уште едно силно Светско првенство. Тој ќе се потпира на ѕвездени играчи како што се веројатно најдобриот десен бек во светот Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен), напаѓачот на Реал Мадрид Брахим Диаз и напаѓачот на Олимпијакос Ајуб Ел Каби.

ШКОТСКА

Најдобри пласмани: Групна фаза 8 (1954, 1958, 1974, 1978, 1982, 1986, 1990, 1998)
Учества: Осум
Рангирање на ФИФА: 43

Шкотска се квалификува на светските првенства деветти пат, а годинашното издание е нивни прв настап по 28-годишно отсуство. Во сите осум настапи на глобалната сцена, тие не успеаја да го поминат првиот степен и очајно сакаат да го променат тоа оваа година. За да го постигнат тоа, Шкотите ќе мора да бидат во најдобра форма за да постигнат резултати против фаворитите Бразил и Мароко.Селекторт Стив Кларк ќе се обиде да ја води Шкотска успешно низ групната фаза откако претходно ја водеше на два големи турнири (испаднаа во групната фаза на Евро 2020 и 2024). Во квалитетниот состав се издвојуваат играчот од средниот ред на Наполи Скот Мектоминеј, дефанзивецот на Ливерпул Енди Робертсон, играчот од средниот ред на Астон Вила Џон Мекгин и напаѓачот на Торино Че Адамс. Од нив се очекува да играат главна улога во тимот на тврдите Шкоти.

ХАИТИ

Најдобри пласмани: Групна фаза (1974)
Учество: Едно
Рангирање на ФИФА: 84

Најниско рангираниот тим е дефинитивно аутсајдер во Групата Ц, иако во фудбалот денес помалите екипи се способни за изненадувања. Хаити е предводен од клупата од 53-годишниот Французин Себастијан Миње, кој исто така беше селектор на Република Конго, Кенија и на Екваторска Гвинеја. Ѕвезди на Хаити се играчот од средниот ред на Вулверхемптон Вондерерс Жан-Рикнер Белегард и голманот на францускиот тим од Втората лига Бастија, Џони Пласид.

Мундијал 2026 | Група Б: Швајцарците се најголеми фаворити, Kанада ќе го носи товарот на очекувањата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот