Фото: Фејсбук / Али Ахмети

ДУИ славеше 24-ти роденден во скопскиот Градски парк, Ахмети рече дека почнале од нула, а завршиле со премиер

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe.

Лидерот на партијата, Али Ахмети, одржа говор пред присутните, во кој ги спомена успесите на партијата. Тој, меѓу другото, ги повика албанските политички партии да направат „пакт“ со кој во иднина победникот на изборите во албанскиот блок да ги претставува Албанците во владата.

„Почнавме од нула, со 1%, 2% од Албанците застапени во институциите, успеавме да поминеме 20%-22%, во рок од две децении, во многу тежок процес. Никогаш не се откажавме, не отстапивме од определбите што си ги поставивме. Почнавме од нула, завршивме со премиер, почнавме од нула, сега сме со претседател на Собранието и со директори и претседатели во многу институции“, рече Ахмети.

Ахмети бара помош од Трамп, Макрон, Руте…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот