Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Доцни исплатата на социјалната помош и детската заштита, властите открија зошто

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека поради „значајна реформа“ овој месец ќе доцни исплатата на социјалната помош и детската заштита.

„Во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена“, велат од Министерството.

„Сакаме да ги увериме сите корисници дека нивните права се целосно обезбедени и дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања. Надлежните служби работат интензивно на надминување на состојбата и на целосно ставање во функција на новиот систем. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение во овој преоден период, имајќи предвид дека станува збор за процес кој долгорочно ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за сите корисници“, додаваат оттаму.

ВИДЕО | Културните работници излегоа на протест пред МОБ, му рекоа на Љутков: „Ја уби културата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот