Фото: Фејсбук / Стевчо Јакимовски / скриншот

Јакимовски се буни за журка најавена за вечерва во Карпош: Објектот не е безбеден, лани забранивме да се користи

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи предупредува дека објект во кој е најавена голема забава вечерва не е безбеден и дека лани, додека на чело на општината беше тој, била изречена забрана за користење на покривот на објектот.

Тогаш, вели Јакимовски, општината наложила и да се срушат скалите кои водат кон просторот на покривот.

„Денес истиот тој кров е распродаден за журка. Кој дозволил? Кој презел одговорност? Кој ќе одговара ако се случи несреќа?“, прашува Јакимовски во видео кое го објави на социјалните мрежи.

Тој ја спомена и трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и рече дека по неа сите ветувале дека ќе извлечат поуки, но според него, „некои ги заборавиле лекциите и повторно дозволуваат ризични ситуации“.

„Животот на луѓето не смее да биде помалку важен од профитот“, вели Јакимовски повикувајќи на поголема одговорност и почитување на безбедносните стандарди.

Тој обвини и дека сопствениците на објектот во кој се одржува настанот се „блиски до владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ“ алудирајќи дека одржувањето на забавата се дозволува поради таа наводна блискост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот