Ненад Савески / фото: „360 степени“ / 360stepeni.mk

Што значи контроверзната тетоважа „88“ на републичкиот обвинител?

Тетоважата „88“ што ја има републичкиот јавен обвинител Ненад Савески на домалиот прст на десната рака, е поврзана со личен момент меѓу него и неговата сопруга, а не некаков нацистички симбол. Ова вчера го објаснуваше Савески на брифинг, откако дел од новинарите забележаа дека таква тетоважа се поврзува со нацистички симбол.

– Ова е моја лична приватна работа, поврзана со мојот приватен живот, со момент поврзан со мојата сопруга — нема никаква врска со нацистичка симболика или не знам што. Јас сум хуманист, интернационален човек, без никакви предрасуди. Јас не сум ни знаел дека се поврзува со такво нешто, никогаш не сум имал интерес да ја проучувам нацистичката теорија. Јас знаев дека е тоа „ангелски број“, знакот на ангелот – објаснуваше Савески пред новинарите.

Германски научил случајно кога се запишал на курс по албански, односно да го научи албанскиот литературен јазик, бидејќи го владеел веќе албанскиот, но со гостиварски дијалект. Но, кога сфатил дека има голема разлика меѓу албанскиот литературен и она што го знаел, го сменил јазикот и од понудените, англиски и германски, го избрал германскиот.

Симболот „88“ го тетовираат неонацисти и бели супрематисти, бидејќи буквата „Х“ е осма по ред во англиската азбука, па бројот 88 означува „Хајл Хитлер“ („Да живее Хитлер).

Пропадна предметот со Капушевски и Јахоски за мазутот — „не се утврдени злоупотреби“, вели Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот