Фото: Един Енциклопедија/Фејсбук

ВИДЕО | Најблискиот соработник на Един Авдиќ се расплака на ТВ-пренос: Си замина најдобриот меѓу нас

Пред почетокот на големото грчко дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос, гледачите беа сведоци на еден од најемотивните моменти во спортското новинарство во регионот. Коментаторот Ненад Костиќ со треперлив глас му оддаде почит на својот долгогодишен колега и пријател Един Авдиќ, кој почина во средата на 47-годишна возраст.

Костиќ и Авдиќ со години важеа за едно од најпрепознатливите коментаторски парови, а нивните преноси оставија длабока трага кај љубителите на кошарката.

„Поздрав до сите љубители на кошарката. Сите знаете што се случи пред два дена. Един Авдиќ нè напушти. Регионалната, европската и светската кошарка останаа без легендарен коментатор и новинар. Зборувам за човек кој беше повеќе од пријател“, изјави Костиќ на почетокот од преносот.

Тој се потсети на нивните заеднички моменти во коментаторската кабина, нагласувајќи дека ниту една финална серија не би била доволна за да се раскажат сите спомени што ги споделиле низ годините.

Костиќ се наврати и на нивниот прв заеднички пренос во 2009 година, на натпреварот меѓу Хелиос и Олимпија во рамките на АБА Лига.

„Така секогаш ќе го паметам Един. Со неговата препознатлива насмевка кога влезе во редакцијата. Тоа беше почеток на едно прекрасно пријателство“, рече тој.

Во завршницата од своето обраќање, Костиќ не можеше да ги сокрие емоциите.

„Не сакам да се сеќавам на последниот пренос, бидејќи знам дека еден ден, на подобро и поправедно место, повторно ќе се сретнеме. Најдобриот меѓу нас си замина, без кого ништо нема да биде исто. Един, слава ти и благодарност за сè што направи. Твоето дело ќе живее долго, затоа што легендите никогаш не умираат“, порача Ненад Костиќ.

Зборовите по кои повеќе не се слушна коментарот на Авдиќ: Обрадовиќ е персонификација на Партизан, не им платил на луѓето за да го сакаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот