Зборовите по кои повеќе не се слушна коментарот на Авдиќ: Обрадовиќ е персонификација на Партизан, не им платил на луѓето за да го сакаат
Гласот на кошарката на Балканот, легендарниот коментатор Един Авдиќ ненадејно почина во средата на 47-годишна возраст.
Препорачано
Koментарот на Авдиќ веќе подолг период не можеше да се слушне na натпреварите од АБА и НБА лигата на „Арена Спорт“, што предизвика бројни реакции и прашања кај љубителите на кошарката низ регионот.
Иако официјално не беше соопштено дали Авдиќ ја прекинал соработката со телевизијата или станува збор за друга причина, навивачите на социјалните мрежи се обидоа да пронајдат одговор. Многумина сметаат дека неговото „исчезнување“ од програмата следувало по една негова изјава во која зборуваше за тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.
Во таа прилика, Авдиќ истакна дека Обрадовиќ е симбол на Партизан и човек кој ужива огромна почит и љубов кај навивачите.
„Жељко Обрадовиќ е персонификација на Партизан. Луѓето природно го сакаат и почитуваат. Не им платил за тоа, едноставно ја заслужил таа љубов. Некои луѓе уживаат во таа репутација, таа популарност, луѓето толку многу го сакаат, а можете да чуете некои неписмени луѓе како зборуваат како, не знам ни јас, „култ на личноста“, ова или она… Жељко не им платил на тие луѓе да го сакаат, тие го сакаат природно. И знаете, разбирам дека можеби е вина на другите што не уживаат во таков вид љубов. Не шеташе наоколу делејќи по сто евра само за да скандираат за него“, порача тогаш Авдиќ, а многумина протолкуваа дека мислел за претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Един Авдиќ е роден во Сараево на 19 јуни 1979 година. Љубовта кон кошарката ја стекнал уште како мал и играл во младинските категории на Босна, клуб кој во годината кога е роден станал европски шампион. Како дете играл како бек-шутер, а откако се преселил во првиот тим, поголемиот дел од своите минути ги поминувал како плејмејкер. Авдиќ дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, а новинарската кариера ја започнал во Федералната телевизија на БиХ.
Ненадејно почина Един Авдиќ, познатиот новинар и коментатор на „Арена спорт“


