Македон Димитровски - Фото: Фејсбук/Vladimir Makedon Dimitrovski

ФОТО | Гордост – уште еден златен медал за Македон на светска математичка олимпијада

Младиот македонски математички гениј, Македон Димитровски, постигна уште еден историски успех потврдувајќи го својот талент во конкуренција со десетици илјади врсници од целиот свет. На престижниот натпревар „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ (Математички олимпијади за основни и пониски средни училишта) кој се одржува на ниво на американски училишта во САД и ширум светот, Македон донесе огромна гордост за својата земја.

Македон Димитровски – Фото: Фејсбук/Vladimir Makedon Dimitrovski

Тој најпрво освои златен медал во екипна конкуренција, а потоа го постигна и највисокиот индивидуален резултат меѓу сите учесници на олимпијадата.

Како круна на овој огромен успех, Македон ја доби и престижната „George Lenchner Medal“ за апсолутно најдобар резултат, успевајќи да го сподели или освои врвот меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи.

По повод овој успех, со емотивна порака на социјалните мрежи се огласи неговиот татко, Владимир Македон Димитровски, кој не ја криеше гордоста од постигнувањето на својот син:

„Голема гордост за нашиот Македон! Ова е резултат на посветеност, труд и вистинска љубов кон математиката. Честитки Македон – продолжи да блескаш“, напиша Владимир.

Овој најнов триумф не е случајност, туку континуитет на напорната работа на Македон, кој веќе подолго време важи за еден од најголемите млади математички умови во Македонија и пошироко.

Натпреварот „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ (MOEMS) важи за една од највлијателните математички организации во САД и на меѓународно ниво, со традиција која има за цел да го стимулира креативното решавање проблеми кај учениците. Да се постигне највисок индивидуален резултат (Perfect Score) во толку масовна глобална конкуренција од речиси 57 илјади деца е потврда дека Македон поседува капацитет за светски научни дострели во иднина.

Во мај, Македон постигна извонреден и историски успех на Германската математичка олимпијада, освојувајќи два златни медала, во индивидуална конкуренција по математика и во математички предизвик.

Со овој подвиг, Димитровски се вброи меѓу најдобрите учесници на натпреварот, а неговите резултати беа дополнително крунисани со влез во престижната група на лауреати – признание што им се доделува само на најуспешните натпреварувачи.

Почнал да чита на две години, а задачи решавал од три: Приказната на младиот гениј Македон Димитровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот