Makron
Emanuel Makron / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

ВИДЕО | Макрон го размрда Тиват од рано утро, излезе да трча заедно со обезбедувањето

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој учествува на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, денешниот ден го започна со џогирање.

Макрон трчаше покрај морето во црногорскиот приморски град, каде подоцна учествуваше на средбата на европските и регионалните лидери, објави францускиот портал Бурсорама.

Подгорички медиуми објавија фотографија и кратка видеоснимка на која се гледа Макрон како џогира во придружба на своето обезбедување.

Макрон вчера пристигна во прва официјална посета на Црна Гора, каде домаќин му е црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Ако Зеленски сака средба со Путин, слободно нека дојде во Москва, вели Песков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот