Фото: Screenshot/RTCG

Ацо Ѓукановиќ ја напуштил Црна Гора

Црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски премиер и претседател Мило Ѓукановиќ, ја напуштил територијата на Црна Гора, потврдено е за РТВ Подгорица од безбедносниот сектор.

Против Ѓукановиќ црногорското обвинителство води најмалку два активни кривични предмети, кои се формирани по претресот на неговиот станбен простор во Подгорица и куќата во Никшиќ, потсетува РТВ Подгорица.

Управата на полицијата пред неколку месеци достави докази до обвинителството, собрани за време на претресите. Станува збор за документација, видеозаписи од претресите и пронајдено оружје. Ѓукановиќ беше приведен и сослушан на 28 февруари, а притвор му беше одреден на 2 март.

Тој подоцна беше пуштен да се брани од слобода, откако понуди гаранција од пет милиони евра.

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора во соопштение доставено до медиумите наведе дека А. Ѓ. ја напуштил земјата со судско одобрение.

„По повод наводите објавени во одредени медиуми кои се однесуваат на напуштањето на територијата на Црна Гора од страна на лицето А. Ѓ., а имајќи предвид дека станува збор за лице и предмет кои беа предмет на значајно внимание на јавноста, ја известуваме јавноста дека на именуваниот одобрение за привремено заминување во друга држава му издал судија на Основниот суд во Никшиќ“, наведоа од Министерството.

Под надзор, но без притвор – Ацо Ѓукановиќ ќе се брани од слобода, понудил гаранција од 5 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот