Под надзор, но без притвор – Ацо Ѓукановиќ ќе се брани од слобода, понудил гаранција од 5 милиони евра
Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, беше уапсен по претресот на семејната куќа во никшиќката населба Растоци на 28 февруари, по што му беше одреден притвор поради опасност од бегство.
Црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ ќе се брани од слобода со забрана за напуштање на станот, со контрола преку електронски надзор и со привремено одземање на патната исправа, објави Вијести.
Препорачано
Тоа е одлука на советот на Основниот суд во Никшиќ, со кој претседаваше Мирко Којовиќ. Судот нагласува дека постои опасност од бегство бидејќи Ѓукановиќ има врски и често престојува во странство, како и значителни средства, но дека понудената гаранција е доволно сериозна и одвраќачка и дека мерките на надзор се пропорционални и поблаги од притвор.
Во образложението на одлуката се наведува дека се прифаќа гаранцијата на Ѓукановиќ, понудена од неговите бранители, која се состои од полагање во судски депозит на износ од милион евра во готово и запишување во катастарот на недвижности хипотека, во корист на Државата Црна Гора, на недвижности во сопственост на Ѓукановиќ – во вредност од повеќе од четири милиони евра.
Судот ја одби жалбата на обвинителството, кое бараше Ѓукановиќ да остане во притвор, односно жалбата на одбраната, која бараше да се укинат мерките на надзор. Гаранцијата за Ацо Ѓукановиќ беше прифатена на 20 март, со две мерки на надзор.
Одлуката тогаш ја донесе судијата на Основниот суд во Никшиќ, Сава Мушикиќ.
Како што тогаш беше соопштено од Основниот суд во Никшиќ, дел од гаранцијата се милион евра во кеш, како и недвижности проценети во вкупна вредност од четири милиони и дванаесет илјади евра.
Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, беше уапсен по претресот на семејната куќа во никшиќката населба Растоци на 28 февруари, по што му беше одреден притвор поради опасност од бегство.


