Црногорска полиција/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

ВИДЕО | Се тресе центарот на Подгорица: врие од полиција кај зградата на братот на поранешниот премиер Ѓукановиќ

Црногорската полиција ја опколи зградата во центарот на Подгорица во која живее бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот премиер Мило Ѓукановиќ, објави „Вјести“.

Во истата зграда, на улицата „Вук Караџиќ“, се наоѓа и филијала на Прва банка, чијшто сопственик е Ацо Ѓукановиќ.

Инспекторите, како што дознава „Вијести“, ќе извршат претрес на имотот на бизнисменот. Според сознанијата на медиумот, акцијата ја раководи Основното државно обвинителство во Подгорица.

Дел од улицата „Вук Караџиќ“ е затворен за сообраќај.

Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора во септември 2023 година објави дека Ацо Ѓукановиќ се преселил во Луксембург веднаш по изборите во 2020 година и таму започнал нови проекти.

Богатството на помладиот Ѓукановиќ се проценува на неколку стотици милиони евра.

Прва банка е само една од поранешните државни компании што преминаа во рацете на Ацо, во текот на годините на сомнителни и ортачки приватизации што ги водел постариот Ѓукановиќ.

Неколку сакандали периодов ја тресат Црна Гора оваа година, а поранешни функционери и личности од криминалното подземје се предмет на истрага.

Неодамна беше уапсена поранешната министерка за образование, наука, култура и спорт на Црна Гора, Весна Братиќ, која е осомничена дека ја оштетила државата со нелегални трансфери во износ од неколку милиони евра.

Блажо Шарановиќ, поранешен директор на Управата за имот од 2012 до 2021 година, е уапсен поради сомневање дека ја злоупотребил службената положба.

Нов скандал ја тресе Црна Гора: поранешната министерка за образование и ексдиректорот на Управата за имот завршија во лисици

Пред неколку недели, исто така, црногорската полиција спроведе координирана и планска акција во которската населба Кавач и на подрачјето на Тиват, со цел пронаоѓање меѓународно барани криминалци.

Повеќе од сто полицајци претресувале повеќе локации, меѓу кои и два објекта во Котор и на Обала Ѓурашевиќ, кои ги користеле избеганиот шеф на кавачкиот клан Радоје Звицер и неговата сопруга Тамара, како и објекти што, како што е соопштено, ги користат членови на истата организирана криминална група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот