Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Инцидент во суд во Црна Гора — Абазовиќ нападнат во ходник пред судница

Во Судот за прекршоци во Подгорица дошло до инцидент и за малку бил избегнат физички судир меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и бизнисменот Ранко Убовиќ, кој со глава тргнал кон лидерот на Граѓанското движење УРА, пишува „Вијести“.

Потежок инцидент, односно судир и физичка пресметка, според адвокатот на Абазовиќ, Зоран Пиперовиќ, спречил полицаец задолжен за безбедност во судот, кој го оттурнал Убовиќ, а потоа го предупредил на несоодветното однесување.

Адвокатот вели дека сè се случило при влегување во судницата, каде што Ранко Убовиќ наводно тргнал да го удри Абазовиќ со главата и лесно го закачил по лицето.

Наводно, лидерот на УРА не се поместил, по што полицаецот реагирал и го турнал Убовиќ кон клупите.

„Не ми викај“, наводно тогаш Убовиќ му рекол на полицаецот, кој го предупредувал да не прави инцидент.

По влегувањето во судницата, адвокатот Пиперовиќ се обидел да ги смири тензиите.

Рочиштето подоцна било одржано без поголеми проблеми.

Со слични информации се огласи и Судот за прекршоци, а полицијата соопшти дека во ходникот дошло до близок контакт меѓу Убовиќ и Абазовиќ, кој го иницирал Убовиќ, но дека немало размена на удари. Откако завршило судењето, поранешниот премиер пред зградата на Судот за прекршоци го пречекале повеќе службеници на Управата на полицијата, бидејќи полицајците задолжени за неговата безбедност го пријавиле инцидентот.

Полицијата пред зградата ги претресла Убовиќ и неговите пријатели, како и нивните возила. Абазовиќ потоа го пријавил инцидентот, а во Центарот за безбедност подоцна бил повикан и Ранко Убовиќ за да даде изјава.

ВИДЕО | Абазовиќ открива: Во еден момент убиецот Мартиновиќ се вмешал во групата полицајци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот