Фото:МВР

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал „Комуналец“ – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и просторно планирање, соопшти директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.

Само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле вода со фекалии, ИЈЗ Гостивар доставил извештај дека водата може да се пие!

-Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, надвор е од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните, заштитени зони или во изворот, туку е далеку, на околу 800 – 900 метри од главниот цевковод што ги снабдува Општина Гостивар и околните села со вода за пиење. Предметното зафаќање вода за кое е информирана и јавноста, не е составен дел од дозволата, а водата што се зафаќа е од водно тело кое моментно гравитира во постојан отворен канал. За секоја измена на дозволата од МЖСПП што планира да ја направи некое комунално претпријатие, вклучувајќи го и Комуналец – Гостивар, прво треба да се поднесе барање до Управата за животна средина – Сектор води, кое потоа го разгледува и дава или не дава одобрение за измената. Во конкретниот случај се работи за цевковод што служи за вода за пиење, за исклучително санитарни услови. Точка 11 од дозволата вели дека за секоја измена која ќе сака да ја направи операторот е должен да побара одобрение од МЖСПП зашто министерот ја издава дозволата која е носечка за водоснабдувањето во градот. Такво барање до денес не е пристиганто во МЖСПП – рече денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска на прес-конференција во Владата.

Таа информира дека на 16 јули, по барање на ОЈО од Гостивар, веднаш била издадена наредба за вонреден инспекциски надзор, координиран со крим полицијата, АХВ, Центарот за јавно здравје и Комуналец – Гостивар. Од 19 – 23 часот се вршел увид и составен е записник доставен до ОЈО Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот