Швајцарскиот проект за филтер-станицата во Вруток бил завршен во 2014 година
Проектот за филтер-станицата во рамки на изворот Вруток, кој се однесува на гостиварскиот водовод, е завршен во 2014 година и е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, изјави денеска министерот на прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар.
Препорачано
Одговарајќи на новинарско прашање за проектот реализиран со поддршка на Швајцарската амбасада и за активностите преземени од Владата по последните случувања со водоводниот систем, министерот посочи дека проектот е реализиран пред повеќе од една деценија.
Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
– Доколку зборуваме за проектот за филтер-станицата во рамките на изворот Вруток, односно за гостиварскиот водовод, проектот е почнат во 2011 година, а е завршен во 2014 година – рече министерот.
Тој информира дека по завршувањето на проектот бил изготвен записник за примопредавање и системот бил предаден на локалното комунално претпријатие.
– За истиот постои записник за примопредавање, по што објектот е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кое функционира во рамките на Општина Гостивар – изјави министерот Хоџа.


