Зеленски денеска со европските лидери во Лондон—Што подготвува сега Европа за Украина?
Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе ги угости украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц во Лондон за да разговараат за континуираната поддршка за Украина, објави „Гардијан“.
Препорачано
Украинскиот лидер ќе го посети Обединетото Кралство со францускиот претседател и германскиот канцелар во недела, објави канцеларијата на британскиот премиер. Зеленски бара европските лидери да ги засилат напорите за да помогнат во завршување на војната во Украина, бидејќи е загрижен дека американскиот претседател Доналд Трамп е зафатен со Иран.
„Русија се соочува со воен и стратешки неуспех“
„Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, а на бојното поле истрајува во смртоносна војна без успех“, велат од канцеларијата на Макрон.
Средбата во Лондон доаѓа по вчерашниот голем украински напад со беспилотни летала насочен кон Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, што ја истакна растечката способност на Киев да напаѓа длабоко во Русија.
Зеленски му пиша на Путин, а тој одби мир
„Украина нуди да се стави крај на војната“ — Зеленски испрати писмо и бара средба со Путин
Во отворено писмо објавено во четвртокот, украинскиот лидер го покани рускиот претседател Владимир Путин на состанок за преговори за крај на повеќе од четиригодишната војна. Во петокот, рускиот претседател го отфрли предлогот на Зеленски за лични преговори, тврдејќи дека не ја гледа „поентата“ во таков состанок.
Ако Зеленски сака средба со Путин, слободно нека дојде во Москва, вели Песков
Трите земји што се состануваат со украинскиот лидер се едни од најцврстите сојузници на Киев, а Обединетото Кралство и Франција ја предводат таканаречената иницијатива „коалиција на оние што се подготвени“ за обезбедување безбедносни гаранции за Украина како дел од мировниот процес.
„Секогаш сме се залагале за директни преговори меѓу Украина и Кремљ… Верувам дека Украина и Русија можат да изградат и прекин на огнот и мировен план, а Европејците се оние што можат да помогнат“ рече во петокот Макрон.
И германскиот канцелар истакна дека ЕУ сака да помогне околу постигнувањето на мировен договор меѓу Русија и Украна.
„Отворени сме за дијалог, она што недостасува е волјата на Путин“, рече Мерц во петокот.
ВИДЕО | „Постојано го глуми Рамбо“: Путин му се потсмева на Зеленски


