НАТО/ Фото: Martin Bertrand / Alamy / Alamy / Profimedia

Политико: НАТО разгледува нова финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра

Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска помош од 70 милијарди евра за Украина, изјавиле за Политико четири неименувани дипломатски извори, наведувајќи дека одлуката треба да биде објавена следниот месец за време на самитот на НАТО во Анкара.

Изворите велат дека предлогот што го иницираше Германија минатиот месец вклучува нов механизам за зголемување на транспарентноста околу финансирањето на Украина, потсетувајќи дека некои земји се жалат дека носат непропорционално поголем товар за поддршка на официјален Киев.

САД ја прекинаа речиси целата нова воена помош за Украина и продаваат оружје на Киев само ако е финансирано од други сојузници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна, за време на состанокот со првиот човек на НАТО, Марк Руте, ја повика Европа да испорача повеќе ракети за системите за ПВО „Патриот“, што се користат за неутрализирање на нападите од руските балистички ракети.

Во периодот од јануари до април, европските земји издвојувале просечно 2 милијарди евра за Украина секој месец, според извештајот на Институтот Кил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот