Фред Васер/EPA/ALI HAIDER

Шефот на Ферари завршил во болница, нема да присуствува на утрешната трка во Монако

Тимскиот шеф на Ферари, Фред Васер, нема да присуствува на квалификациите за Големата награда на Монако поради здравствени причини, потврдија од италијанскиот тим.

Французинот ќе биде подложен на дополнителни медицински прегледи, по што се очекува да бидат објавени повеќе информации за неговата здравствена состојба.

Од Ферари му посакаа брзо закрепнување и изразија надеж дека наскоро повторно ќе се врати на своите обврски покрај патеката.

„Фред Васер нема да биде дел од квалификациите. Му посакуваме брзо опоравување и се надеваме дека наскоро повторно ќе биде со тимот“, соопштија од Ферари.

Во овој момент не се откриваат детали за здравствениот проблем со кои се соочува Васер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот