ВИДЕО | Бајката на Хвалинска заврши во финалето, Андреева слави прва грен-слем титула
Младата руска тенисерка Мира Андреева го оствари најголемиот успех во својата кариера, освојувајќи ја својата прва грен-слем титула по убедливата победа од 2-0 во финалето против Маја Хвалинска.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако мечот започна израмнето, Андреева брзо го наметна своето темпо и целосно ја презеде контролата на теренот. Нејзината ривалка, која приреди вистинска сензација со пласманот во финалето откако турнирот го почна од квалификациите, не успеа да најде одговор на сигурната игра на Русинката.
Во првиот сет двете тенисерки разменија по два брејка, но клучниот момент дојде при водство на Хвалинска од 3-2. Тогаш Андреева врза четири последователни гема и со пресврт го освои сетот.
Продолжението не донесе неизвесност. Андреева доминираше од самиот старт и поведе со убедливи 5-0. Хвалинска успеа само накратко да го ублажи поразот со два освоени гема, но Русинката возврати со уште еден брејк и го потврди триумфот за првиот грен-слем пехар во својата кариера.
MIRRA THE CHAMPION 🏆#RolandGarros pic.twitter.com/mbInya59hj
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 6, 2026
ВИДЕО | Не се секогаш парите пресудни — ќе игра финале на Ролан Гарос, а нема ниту еден спонзор


