Иран фудбалери/EPA/NECATI SAVAS

Иран сепак ќе има проблеми, повеќе членови на делегацијата за Мундијалот не добиле визи

Репрезентацијата на Иран доби олеснување пред почетокот на Светското првенство откако сите 26 фудбалери успешно обезбедија визи за влез во САД. Сепак, проблемите не се целосно надминати, бидејќи дел од стручниот штаб сè уште нема добиено дозвола за патување.

Според информациите на иранските медиуми, без визи останале членовите на медицинскиот тим, како и неколкумина високи претставници на националната федерација. Меѓу нив се тим-менаџерот Мехди Мохамаднаби, генералниот секретар на Федерацијата, Хедајат Момбеини, како и претседателот на иранскиот фудбал, Мехди Таџ.

Останатите членови на стручниот штаб ќе ѝ се приклучат на репрезентацијата во Мексико, каде што селекцијата ќе биде сместена за време на турнирот. Во меѓувреме, иранските власти продолжуваат со напорите за издавање визи и за преостанатите членови на делегацијата.

Првичниот план на Иран беше подготовките и базата за време на Светското првенство да бидат во Тусон, во американската сојузна држава Аризона. Сепак, по консултации со ФИФА, одлуката била променета и тимот ќе биде стациониран во Тихуана, со цел да се намали времето што ќе го поминува на територијата на САД.

На претстојниот Мундијал, Иран ќе се натпреварува во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд, во обид да обезбеди место во нокаут-фазата на турнирот.

Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место

Шакира и Бурна Бој го отвараат Мундијалот во Мексико, а шоу ќе има и во Торонто и во Лос Анџелес

Колку заработуваат судиите на Мундијалот? Финалето носи најголем хонорар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот