Фото: МВР

Пијан велешанец дивеел во болница

Пијан велешанец направил хаос во болница и не ги почитувал наредбите на полицајците, информира МВР.

„На 05.06.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта“, информираа од полицијата.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Млад и пијан тетовчанец сакал со пиштол да ограби кафе-бар, успеал само да го удри келнерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот